Новиот Џевахир мол Скопје се отвора на 29 март

Со промоција на импресивниот најголем мурал во градот, креиран од локален уметник на 4.000 метри квадратни ѕидна површина, на 29 март ќе се отвори новиот трговски центар Џевахир мол Скопје во Општината Аеродром. Шопинг и бизнис-центарот во рамките на комплексот висококатници Џевахир ќе понуди активности и стоки по вкус на потрошувачите.

„Скопје е еден од ретките градови во Европа кој ја има една од најголемите мурални фасади на една површина во Источна Европа. Џевахир мол Скопје е повеќе од трговски центар, ставајќи фокус на културата и уметноста, покрај традиционалните молови кои нудат шопинг, храна и пијалоци. Уметноста која ја претставува овој мурал на трговскиот центар Џевахир е израз на мешаната заедница на луѓе од различни култури коишто живеат во државата и во оваа локална заедница“, вели Есер Џевахир, член на одборот на Џевахир холдинг.

Хипермаркетот Кит-Го, турскиот бренд за детски модни парчиња „Панчо“, кој за првпат влегува на пазарот во Македонија, Синсеј, ДеФакто и ДМ, Џевахир променадата како шеталиште со ресторани и кафе барови за секојдневни дружби и релаксација и Плејграунд игротека за најмладите посетители се дел од содржините кои ќе ги понуди новиот мол.

Со отворање на трговскиот центар, Џевахир целосно го завршува инвестицискиот потег Скај сити во овој дел на Општина Аеродром, како комплекс со мешана употреба или комбинација од станбени комплекси за домување, трговски и бизнис-центар во една интегрирана средина. Висококатниците се највисоките кули во градот и едни од највисоките кули на Балканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот