7 C
Скопје

Новинарот Александар Чомовски добитник на наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“

Јас ја сакам својата професија. Во неа се вложив целиот, понекогаш и на штета на моето семејство и мисла дека толку многу ме исполни што како што обично и велат, спокојно да си го напишам својот епитаф. Се разбира дека наградата „Крсте Петков Мисирков“ не ја сметам како збогум, туку како предизвик да се борам во слободно-грчки стил. Паметот и искуството да ги искористам во престижниот ривалитет со генерацијата која доаѓа во македонското новинарство, изјави новинарот Александар Чомовски во емисијата „Утрински брифинг“ на кого денеска од ЗНМ ќе му биде доделена наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“.

– Мојата стартна кариера во новинарството – Радио Скопје кое беше столбот на кадрите кои тогаш ги формираше новинарството, започна со еден друг Утрински – Утринска програма. Секој медиум има свој предизвик, но секогаш се враќам во радиото, таму се моите централни столбови на професијата, на мојот карактер. Тоа беше неверојатна школа на изучување, вклучувајки култура на изглед, култура на говор, бон тон на однесување. Учев од врвни мајстори, во радиото, таа генерација околу Варошлија, Варналиев, Стоилковски, а потоа и вон радиото со еден од бардовите на македонското новинарство кое ме оформуваше и како карактер, а тоа е Никола Солдатов. Неговото мото беше – што и да правиш, каде и да одиш во професијата секаде да се вратиш во новинарството. Јас тоа максимално го користам. Во овие 55 децении активно новинарство бев репортер, известувач, дури и во време кога бев главен уредник, се присетува Чомовски.

Прочитајте и...  Петтиот пакет мерки пред Комисијата за финансирање и буџет – за помошта за плати ќе се аплицира до 30 април

Ќе избегам, вели бардот на македонското новинарство, од самобендисаноста дека јас ја знам рецептурата за новинарството.

– Она што сакам надвор од оваа награда да го кажам, која ми претставува задоволство не заради сатисфакцијата на тоа што сум го работел, туку и именувањето на наградата по Крсте Петков Мисирков, не знам како но потсвесно ми се формира неговиот слоган – јазичен, политички, а тоа е „За Македонцките работи“. И морам да кажам дека јас како новинар ја имав среќата да одживеам три до четири клучни фази во развојот на оваа современа, постсамостојна Македонија. Нејзиното формирање, со диссолуцијата, тоа е македонскиот внатрешен непокор околу обидите да се растури државата со внатрешниот воен конфликт и во овие услови на пост ковид пандемија кои се уште не знам каде ќе не одведат, вели Чомовски.

Прочитајте и...  Шекеринска и Османи на видео-состанок со колегите од НАТО

Според него, чувствува дека на македонското новинарство му е потребно рестартирање, нова филозофија на професијата.

– Мислам дека мораме да сфатиме дека во светот, а и во новинарството во Македонија, се напуштаат сите стандардни изучени принципи. Според мене новинарството веќе не базира на објективност, напротив на субјективност. Погледнете ги сите новини, имаат субјективна оценка. Но, тоа е тренд, што зборува за индивидуални слободи и можности, каптажата на индивидуалните сонзанија да бидат соопштени јавно. Се разбира стандардното новинарство и натаму ќе биде врзано за вести. Другата димензија на можната трансформација внатре во новинарството е во новите облици на информации. Вие имате ФБ информации, коментари кои стануваат составен дел на вести шпекулации, истржувања. Според тоа ова се трендови кои мора да се следат, коментира Чомовски.

И како трета димензија, смета тој, нопходно е да престанеме да мислиме дека го имаме ексклузивното право на информацијата.

Прочитајте и...  Филипче: 20.000 вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнат во земјава на 19 и 26 април

– Ние имаме една среќна околност во оваа мала средина, имаме конфронтирачки новинарски имиња, конфронтирачки емисии, имаме различни погледи што е доволен доказ за еден демократски капацитет. Се рабира главниот консумент- телевизисиските клиенти читателите треба да ја одгатнат вистината и тоа е една нова вијуга која создава кај нашите консумнети способност да направат селекција. Јас мислам дека во македонското новинарство за секого има место, ќе бидам груб и вулгарен на одреден начин – има место и за еден Миленко Неделковски, има место и за еден Горан Момировски, не случајно ги зборувам затоа што тие се на одреден начин пикови кои на една или на друга страна се претвораат во антиподови на т.н конфронтирачки елемент. Не ме загрижува реториката на тие креатори на јавното мислење, вклучувајќи го и Ефтов, мене ме интригира перцепцијата на меѓусебна ликвидација. Тоа е нешто што во македонското новинарство мора да биде што поскоро елиминирано, зошто само на тој начин новинарството може да се спротивстави на новите предизвици од светот и внатре, смета Чомовски.

Поврзани вести

Фаучи: Сите вакцини против ковид-19 одобрени во САД се безбедни

Слободен печат

Искра Михајловска: Архитектите се должни да помогнат да се избегнат итарпејовските манипулации при градењето и заштитата на објектите

Александра Бубевска

Индија со рекорден број на новозаразени, Мумбај се подготвува за целосно затворање

Слободен печат

Германски експерт предупредува: Полицискиот час е контрапродуктивен

Слободен печат

Ирската комисија почна истрага против Фејсбук откако беа објавени личните податоци на корисници

Слободен печат

Филипче до медицинските лица: Благодарност до сите заслужни за професионалноста, одговорноста и енергијата

Слободен печат

Остави Коментар