Нови проблеми за Кина: Во екот на епидемијата на коронавирусот се појави и птичји грип

Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

Од 2003 година досега, од птичји грип починаа 455 луѓе низ светот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Епидемијата на коронавирусот во Кина се уште трае, а во меѓувреме во земјата се појави и старо-новата болест птичји грип.

Според кинеското Министерство за земјоделство и рурални работи, птичјиот грип се појавил на една фарма во градот Шаојанг, во покраината Хунан, при што угинале 4.500 кокошки, односно повеќе од половина од вкупниот број живина.

По избивањето на заразата, во овој град угинале речиси 18.000 кокошки.

Министерството наведува дека причина за појавата на птичјиот грип е високо заразниот подтип на грипот Х5Н1.

Од 2003 година досега, од птичји грип починаа 455 луѓе низ светот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Вкупниот број на птици кои угинаа од оваа болест се проценува на околу 120 милиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот