Нови истражувања откриваат: Короната постоела и на Балканот пред појавата во Вухан

ковид-19
Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Откако Светската здравствена организација (СЗО) најави дека ќе почне истрага за да открие како и од каде вирусот почна да се шири и предизвика пандемија на ковид-19, се појавија други научни трудови според кои вирусот се појавил во други земји, од кои една е од Балканот, а не како што досега се веруваше дека потекнува од Вухан во Кина.

„Овие студии не се обидуваат да дат одговор на прашањето дали вирусот „букна“ во Вухан туку дали навистина потекнува од тој град“, наведува Саут Чајна Морнинг Пост, појаснувајќи дека студиите не ја доведуваат во прашање тезата каде и кога вирусот првпат официјално е детектиран и откриен кај луѓето, зошто тоа несомнено е Вухан, Кина во декември минатата година.

Теоријата дека вирусот преминал од животно на човек би им помогнала на научниците да се спречи вакво сценарио повторно да се случи во иднина. За жал, на патот на истрагата и застанаа вложените односи меѓу Вашингтон и Пекинг, откако американскиот претседател Доналд Трамп почна постојано да ја обвинува Кина за ширењето на вирусот, додека Кинезите возвратија дека станува збор за теории на завери и дека според нив, американската војска вирусот го донела во нивната земји.

Со ваквите тези научниците кои добија конкретна задача да истражуваат, беа вовлечени во тој магичен круг од кој нема излез.

Дожано: Кораната била присутна во Италија уште во септември минатата година

Група научници од Италија предводени од професорката Габриела Сози пронајде докази за антитела на Сарс-КоВ-2 во примероци од крвта на луѓето кои доаѓале на скрининг за рак. Во трудот кој е објавен во ноември, таа истакнува дека антитела се пронајдени во примероци од крвта кои се земени во септември 2019 годинам значи, три месеци откако коронавирусот се појави во Вухан.

Кина веднаш го поздрави овој научен труд и го искористи за да покаже дека има докази дека Вухан не е извор на вирусот, додека други експерти ја напаѓаа методологијата на д-р Сози и ја нарекуваа погрешна.

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Но Кина продолжи со своја истрага и тамошни истражувачи направија слична студија и заклучија дека Сарс-КоВ-2 постоел на неколку континенти пред да се појави инфекцијата во Вухан.

Така се роди нова теорија – првиот пренос на луѓето веројатно се случил во Индија.

Резултатите од ова истражување беа објавени во вторникот во медицинското списание „Молекуларна филогенетика и еволуција“, а истражувањето го предводел д-р Шен Либинг, од Институтот за биолошки науки во Шангај.

Студијата, спроведена од неговиот тим, беше објавена на 17 ноември на порталот ssrn.com, што е „предпечатено издание“ на престижното медицинско списание „Лансет“.

Студијата се заснова на видови на вирус од 17 различни земји и региони, а беше потврдено дека инфекцијата прво избувнала во Индија или Бангладеш. Треба да се напомене дека „предпечатено издание“ значи објавување на труд пред да биде проверен од други научници. Затоа, овие наоди не треба да се толкуваат како утврдени заклучоци.

Тестирање во Индија, една од најпогодените земји од ковид-19/ Фото: EPA-EFE/HARISH TYAGI

Тимот на д-р Шен тврди дека традиционалниот пристап за пронаоѓање на потеклото на коронавирусот, процес познат како филогенетска анализа, не вроди со плод. Тој и тимот го користеле вирусот од лилјак кој пред неколку години е пронајден во провинцијата Јунан на југозападот од Кина, како референца на предок за идентификација на мутацијата и еволуционата теорија.

Сепак, утврдено е дека вирусот од лилјакот не бил предок на „човечкиот вирус“, па никој не бил во можност да ја следи пандемијата до нејзините корени.

Затоа, тие користеле нов метод, кој ги броел мутациите во секој вид. Еден вид со повеќе мутации, логично, подолго живее околу нас, а оние со помалку мутации се „поблиску“ до оригиналниот САРС-КоВ-2.

Научниците на тој начин открија дека некои соеви имаат помалку мутации отколку оние први откриени во Вухан и заклучиле дека Вухан не може да биде првото место каде што се случило пренесувањето на Сарс-КоВ-2 од човек на човек.

Трагите водат до Балканот

Тие потоа објасниле дека најмалку мутирани соеви од вирусот се пронајдени во осум земји на четири континенти: Австралија, Бангладеш, Грција, САД, Русија, Италија, Индија и Чешка.

Сепак, тие додаваат дека вирусот не се проширил на луѓето во сите овие места истовремено. Областа на првата епидемија треба да има најголема генетска разновидност, што укажува на тоа дека таму бил подолго. Истражувачите откриле дека ниту еден друг регион нема повеќе вирусна разновидност од Индија и Бангладеш.

„Географските информации за најмалку мутираниот вид и разновидноста на соевите укажуваат на тоа дека индискиот потконтинент може да биде местото на најраниот пренос на Сарс-КоВ-2 од човек на човек“, се вели во студијата.

Фото: EPA/WANG YANBING

 

Сепак, ова истражување е оспорено од други научници и тие истакнуваат дека принципите на истражувањето и софтверот што се користи за анализата не се стандардни за овој вид филогенетска анализа.

„Изборот на вирусна секвенца што се чини дека има најмала разлика во однос на другите во произволна колекција, веројатно нема да даде предок“, рече Марк Сухар, професор на Одделот за биостатистика и хумана генетика на Универзитетот Калифорнија, во Лос Анџелес.

Сухард додава дека, иако „од филогенетиката има големи очекувања кога станува збор за разбирање на изгледот и ширењето на вирусните патогени, она што можеме да го научиме доаѓа со значителна несигурност“.

Шен, сепак, посочува дека екстремните временски услови може да предизвикале пандемија. Во мај 2019 година, Индија го имаше вториот најлош топлотен бран. Сушата ги принуди и луѓето и животните да се снабдуваат со вода од исти извори. Ова може да доведе до преминување на вирусот кај луѓето.

EPA-EFE/HARISH TYAGI

Шен рече дека голем дел од младите во Индија може да ја намалат фреквенцијата на тешки случаи и со тоа да го отежнат откривањето на вирусот.

Мукеш Такур, вирусолог во Индија, не го поддржува заклучокот на студијата од Шангај.

– Ми се чини дека тие погрешно ги разбрале добиените резултати – кратко напиша Такур во е-пошта, без да ја објасни својата позиција.

Шен рече дека е отворен за критики од колегите и за научна дебата, со цел конечно да дојдат до научни откритија.

– Само на овој начин оваа работа ќе биде целосно отфрлена или прифатена – истакнува д-р Шен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот