Нови десет заразени со коронавирус во Албанија

Во Албанија во последнито деноноќие регистрирани се десет новозаразени лица со Ковид-19, што е за четири помалку споредено со вчера и дури 20 случаи во однос на податоците од пред два дена.

Со ново дијагностицираните вкупната бројка на заразени во земјата сега изнесува 736 лица.

– Во последните 24 часа тестирани се 212 сомнителни случаи, а од десетте ново дијагностицирани дури девет се во Тирана. Во истиот период во списокот на излекувани се најдоа уште 12 пациенти, со што бројката се зголеми на 422 или 57,3 отсто од вкупно заразените. Починати нема и бројката останува 28, изјави заменик-министерката за здравство и социјална заштита Мира Ракацоли.

Таа информираше дека од почетокот на март до сега тестирани се 7.491 сомнителни случаи, а кај 736 од нив резултатите биле позитивни.

– Во моментов во нашата земја, 286 или 42,7 отсто од вкупно заболените се активни со Ковид-19 и како што може да се види, процентот на закрепнување е поголем. Овој тренд продолжува повеќе од две недели и починати нема и бројката останува на 28, наведе Ракацоли.

Во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи” хоспитализирани се 34 пациенти, од нив девет се на интензивна терапија, додека двајца интубирани.

Поради оценката дека состојбата е стабилна од денеска со одлука на Владата стапија во сила олеснувањата на рестриктивните мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот