Нови 6 600 самопопишани од дијаспората

Попис. / Фото: Слободен печат

Државниот завод за статистика денеска соопшти дека се регистрирани нови 6 600 самопопишани лица од дијаспората.

Податоците покажуваат дека за 25 дена, откако започна самопопишувањето на македонските иселеници во странство, 143 755 граѓани ја искористиле можноста да се регистрираат во електронската апликација достапна на popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk.

Како што стои во соопштението од Државниот завод за статистика, бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот е во нагорен раст.

Ги повикуваат сите наши државјани кои по која било основа живеат или престојуваат во странство, имаат македонско државјанство и единствен матичен број на граѓанинот, да го остварат ова право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот