Нови 1.298 случаи на коронавирус во Белгија

Здравствените власти информираат дека се регистрирани нови 1.298 случаи на позитивни на коронавирусот во Белгија, и потсетуваат дека реалната бројка е уште поголема бидејќи не се тестира масовно, јави дописничката на МИА од Брисел.

Бројката на заболени продолжува да расте, но и бројката на починати, во последните 24 часа се регистрирани 42 мртви, вкупниот број починати сега изнесува 220.

Властите оценуваат дека ова значајно зголемување на бројот на заразени се должи на нова построга дефиниција на инфекцијата, но и на фактот што мерките не се почитуваат доволно од страна на населението.

-Доколку не ги почитувате мерките, изолацијата ќе трае два пати подолго, ве повикуваме сите да продолжите со напорите и секој да преземе одговорност, да ја прифати ситуацијата и да се организира за да живее во оваа ситуација, изјави Беноа Рамакер, од кризниот центар за коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот