Новак Ѓоковиќ повторно испиша историја, урна уште еден неверојатен рекорд
Најдобриот српски тенисер, и најголемиот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, повторно испиша историја и сруши уште еден неверојатен рекорд.
Препорачано
Имено, Србинот стана тенисер со најмногу недели поминати во ТОП 4 на АТП листата – дури 808.
Ноле со тоа повторно испиша историја и сега ги држи рекордите за најмногу недели поминати на првото место (428), најмногу недели поминати во ТОП 2 (599), најмногу недели поминати во ТОП 3 (756) и сега, најмногу недели поминати на едно од првите четири места.
Затоа, ова е само уште една потврда зошто Ѓоковиќ е најголемиот на сите времиња на тенисот.
За потсетување, Србинот неодамна ја освои својата 101 титула во кариерата, победувајќи го Лоренцо Мусети во финалето на АТП турнирот во Атина, Грција, со 2:1 во сетови, 4:6, 6:3, 7:5, иако има 38 години. Тој моментално е на четвртото место на АТП листата со 4830 поени.
🚨Novak Djokovic has broken the record for most weeks ranked in the top 4. He now has:
Most weeks at #1 – 428
Most weeks in top 2 – 599
Most weeks in top 3 – 756
Most weeks in top 4 – 808The numbers are insane. 🤯 pic.twitter.com/PsMAmhnmqC
— Danny (@DjokovicFan_) November 16, 2025


