Фото: Pexels / Daniel Reche

Нова студија потврди: Правењето 7.000 чекори дневно го намалува ризикот од смрт за 47 отсто

Целта за правење околу 7.000 чекори дневно е остварлива за многумина, но таа обезбедува бројни здравствени придобивки. Ова го покажа истражувањето на тимот предводен од епидемиологот за физичка активност, Борха дел Поцо Круз од Универзитетот во Мадрид.

За да разберат како одењето може да влијае на низа здравствени состојби, Дел Поцо Круз и неговиот тим анализирале податоци од 57 студии кои ја испитувале врската помеѓу бројот на чекори направени дневно и различните здравствени исходи.

Во споредба со луѓето кои оделе само 2.000 чекори дневно, оние кои правеле 7.000 имале пад од 47 проценти во ризикот од смрт од која било причина во рок од неколку години, објави тимот во „Лансет паблик хелт“.

Повеќе чекори дневно биле поврзани со помал ризик од смрт од сите причини во даден временски период. Коефициентот на опасност претставува релативно зголемување на ризикот од смрт во споредба со основната вредност од 2.000 чекори дневно.

Достигнувањето на целта од 7.000 чекори е поврзано и со 25 проценти помал ризик од кардиоваскуларни заболувања, 37 проценти помал ризик од смрт од рак и 38 проценти помал ризик од деменција. Дури и мало зголемување на бројот на чекори дневно ги намали некои од здравствените ризици. Одењето 4.000 чекори дневно беше поврзано со 36 проценти помал ризик од смрт од сите причини, во споредба со 2.000 чекори.

„Иако наодите од студијата покажуваат дека поголем број чекори е поврзан со намалени здравствени ризици, сепак постојат некои ограничувања. Поголеми, долгорочни студии би можеле да ги поддржат заклучоците“, рекол Дел Поцо Круз.

A, новата студија не вклучи други фактори, како што се возраста, начинот на живот или постојните здравствени состојби, кои можат да влијаат на препорачаниот број чекори.

Сепак, експертите покажаа дека дури и малите промени во физичката активност можат да го подобрат целокупното здравје.

„Секој чекор е важен. Не мора да достигнете 10.000 чекори за да видите подобрувања – само движењето повеќе секој ден, дури и од многу ниска почетна вредност, може да го намали ризикот од сериозни здравствени проблеми“, рече Дел Позо Круз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот