Нова студија: Ниту дебелите, ниту дијабетичарите не треба да избегнуваат компири

Фото: Профимедиа

Студијата ги проучувала навиките во исхраната на луѓето со прекумерна тежина или отпорни на инсулин (инсулинска резистенција).

Иако долго време се сметаше дека го избегнуваат оние кои се борат со вишокот килограми, нутриционистите сега велат дека компирот е одличен како помош во слабеењето и дека, поради хранливите супстанции што ги содржи, е клучен дел од целокупната здрава исхрана.

„Често, за да се чувствуваме сити, треба да изедеме одредена количина на храна, дури и кога таа има поголема хранлива вредност, па затоа најдобро е да јадеме храна која тежи повеќе, а која е нискокалорична“, вели професорката Кандида Ребело, коавторка на новата студија од Биомедицинскиот истражувачки центар во Батон Роза во Луизијана.

Студијата ги проучувала навиките во исхраната на луѓето на возраст од 18 до 60 години кои биле со прекумерна тежина или отпорни на инсулин, а нејзините учесници, секој ден, добивале две различни менија богати со овошје и зеленчук, во кои околу 40 отсто од просечниот внес на месо се заменувал со грав, грашок и компири.

„Клучната работа е што не ја намаливме големината на оброците на учесниците, туку ја намаливме нивната калорична содржина со вклучување на компири“, продолжува Ребело.

Оброкот на сите учесници бил прилагоден на нивните персонализирани калориски потреби, но замената на дел од месото со компири направила учесниците да се чувствуваат посити, често толку сити што не можеле ниту да го изедат оброкот до крајот.

Компирите, вели професорот, се здрави бидејќи содржат многу витамини Ц и Б6, калиум, магнезиум, фолати и влакна, а неодамна се потврди дека имаат и многу антиоксиданти.

Компирите се вареле со лушпа, а потоа се ставале во фрижидер 12 до 24 часа за да им се зголеми содржината на влакна, а на учесниците им се сервирале во различни форми секој ден, за ручек и за вечера. Така, научниците утврдиле дека не само што не го зголемува нивото на гликоза во крвта, туку е исто толку здраво и за дијабетичарите како гравот и грашокот, кои помагаат да се одржи стабилен шеќер во крвта.

„Покажавме дека, спротивно на врежаното мислење, компирот не влијае негативно на нивото на гликоза во крвта“, рекла Ребело, а сите учесници во студијата изгубиле тежина.

Оваа студија, нејзиниот главен истражувач и извршен директор на Центарот за биомедицински истражувања во Пенингтон, д-р Џон Кирван, ја користел и за истражување на ефектите на храната врз дијабетесот и дебелината, а потврдил дека компирите не се, како што се веруваше до неодамна, намирница којашто луѓето со дијабетес треба да ја избегнуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот