Нова студија: Апчињата за спиење го попречуваат мозокот да врши многу важна функција за време на спиењето
Новата студија сугерира дека иако таблетите за спиење можат да им помогнат на луѓето да заспијат, тие исто така може да ја нарушат способноста на мозокот да ги отстранува токсините од цереброспиналната течност. Овој процес, од витално значење за здравјето на мозокот, се потпира на глимфниот систем, мрежа од цевки во кои цереброспиналната течност го чисти отпадот за време на спиењето, пишува „Њу саентист“.
Препорачано
Мајкен Недергард од Медицинскиот центар на Универзитетот во Рочестер го споредува глимфниот систем со машина за миење садови што се активира за време на спиењето. Нејзиниот тим проучувал седум глувци, користејќи оптички влакна за следење на протокот на крв и цереброспинална течност. Тие откриле дека норепинефринот, молекула која го регулира спиењето, предизвикува стеснување и релаксација на крвните садови. Овие флуктуации ја пумпаат цереброспиналната течност внатре и надвор, исфрлајќи ги токсините за време на спиењето со не-брзо движење на очите (НРЕМ), фаза на спиење критична за меморијата и учењето.
Студијата, објавена во списанието „Клетка“ (Cell), ја нагласува клучната улога на норепинефринот во чистењето на мозокот.
Нивниот мозок не се чисти добро, рекла Недергард, опишувајќи го ефектот на лек за спиење, врз шест глувци. Третираните глувци доживеале 30 отсто намалување на протокот на цереброспиналната течност во споредба со глувците кои примале плацебо, што укажува на намален клиренс на отпадните производи и покрај побрзиот почеток на спиење.
Недергард нагласи дека повеќето апчиња за спиење го потиснуваат производството на норепинефрин, што потенцијално влијае на претходно споменатиот процес на чистење на токсините во мозокот. Иако резултатите од истражувањето беа базирани на глувци, Лаура Луис од МИТ, која не била вклучена во истражувањето, посочи зошто овие глодари служеле како добар аналог за човечкиот мозок.
„Архитектурата на човечкиот сон сè уште е сосема поинаква од онаа на глувците, но ние ги имаме истите мозочни кола“, рекла таа.
Најчесто користените апчиња за спиење може да ја намалат акумулацијата на протеини клучни за развојот на Алцхајмерова болест
Ако овие резултати се однесуваат на луѓето, апчињата за спиење со текот на времето би можеле да го влошат здравјето на мозокот со мешање во природното отстранување на токсините за време на спиењето. Недергард заклучува дека треба да развиеме нови лекови за спиење за да се справиме со овој ризик и да промовираме ресторативен сон.


