НОВА СТУДИЈА: 1 на секои 10 луѓе во Шпанија се заразил со коронавирус

epa08550974 Health workers protest against the lack of medical supplies at Dr. Arnulfo Arias Madrid Hospital Complex in Panama City, Panama, 16 July 2020. Panamanian President Laurentino Cortizo has decreed 17 July as a day of national reflection for COVID-19 victims. EPA-EFE/BIENVENIDO VELASCO

Еден од секои 10 луѓе во Шпанија се заразиле со коронавирус до декември, откри новата студија предводена од владата објавена во вторникот.

Студијата за серопреваленца проценува дека најмалку 4,7 милиони луѓе во Шпанија се заразиле со  коронавирусот – драстично поголема бројка од бројот на Министерството за здравство, кој сега се движи околу 1,7 милиони.

Истражувачите проценуваат дека за време на вториот бран на вирусот, четири од секои 10 случаи останале незабележани во Шпанија.

Ова е четврта рунда од студијата за серопреваленца, за која беше спроведено тестирање од 16 до 29 ноември. Се користеа брзи тестови на антитела на примерочна популација од 51.400 луѓе.

Кога третиот круг се одржа кон крајот на јуни, се проценува дека 2.35 милиони луѓе во Шпанија биле заразени. Тоа значи дека вториот бран бил приближно голем како и првиот.

Во текот на ноември, случаите опаѓаа низ поголемиот дел од Шпанија, но неодамнешното зголемување на инфекциите укажува на тоа дека земјата се движи кон третиот бран.

Студијата покажа дека здравствените работници во Шпанија биле најмногу изложени на вирусот,  17% покажале антитела на вирусот.

Жените кои се грижеа за стари лица или инвалиди или жени кои работат како хигиеничарки имаа следни највисоки стапки од која било група, со позитивен тест од 16% и 14%.

Вирусот е исто така географски нерамномерен, повеќе од 18% луѓето во Мадрид, Куенка и Сорија имаат знаци на инфекција во минатото.

„Немаше голема разлика во однос на густината на населението, иако видовме малку поголема стапка на инфекција во поголемите градови“, рече Марина Полан, раководител на Националниот центар за епидемиологија на здравствениот институт Карлос III и една од водечките автори на студија

Стапката на инфекција е исто така поголема кај луѓето кои немаат шпанска националност, со 13%.

Студијата испитуваше исти домаќинства за време на сите четири круга на тестирање. Притоа, истражувачите открија дека околу 14% од оние кои претходно покажале антитела, сега имаат негативен тест за протеините на имунолошкиот систем.

Истражувачите рекоа дека сè уште проучуваат примероци од крв во лабораторијата за да утврдат дали тестовите за антитела не биле доволно чувствителни или антителата исчезнале. Подетален извештај ќе биде објавен со овие наоди во следните недели.

Првите податоци од студијата за серопреваленца во Шпанија беа поздравени во меѓународните научни публикации за големиот примерок и методологијата.

„Ниту една друга земја не направила студија со овие карактеристики со толку високи стапки на учество“, рече Полан на прес-конференција во вторникот.

Таа истакна дека еден од недостатоците на студијата е тоа што ги разгледува домаќинствата, а не групните ситуации на живеење како оние во домовите за стари лица или затворите.

Преземено од Анадолија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот