НОВА ПОТВРДА ЗА МОЌТА НА КАРТЕЛОТ СИНАЛОА: Синот на Ел Чапо пуштен од притвор за мир на улиците

Фото: EPA-EFE/LUIS GERARDO MAGANA

По избивањето на судирите меѓу безбедносните сили и прпадниците на моќниот наркокартел Синалоа во мексиканскиот град Кулиакан по апсењето на Овидио Гузман, синот на уапсениот наркобос Хоакин Гузман Ел Чапо, полицијата објави дека тој е пуштен на слобода за да се избегне ескалација на насилството.

Мексиканскиот министер за бебзедност, Алфонсо Дуразо, рече дека патрола на милитаризирана полиција Национална гарда наишла на силен оган кој доаѓал во куќата во која се наоѓал младиот Гузман, присилувајќи ги да се повлечат поради сопствена сигурност.

– Гузман е уапсен, но подоцна пуштен на слобода за да се избегне поголемо насилство во околината, да се зачуваат животите на напшите луѓе и да се постигне мир во градот – рече Дуразо.

Официјални информации за жртви нема, иако се појавија фотографии на кои може да се видат мртви тела на улиците, а полицијата потврди оти некои од полицајците се повредени.

Се верува дека Гузман помладиот ја преземал улогата на неговиот татко во картелот Синалоа. Според пишувањата на Би-Би-Си, момчето кое има околу 20 години е баран и во САД поради криумчарење на дрога.

За потсетување, еден од најмоќните светски наркобосови, 62-годишниот Ел Чапо, во САД е осуден на доживотен затвор.

Ел Чапо во февруари беше прогласен за виновен за кривични дела кои ги вршел во период од четвртина век, вклучувајќи криумчарење на стотици тони кокаин, хероин, метамфетами и марихуана во САД. Тој се смета за еден од најмоќните лидери по колумбискиот наркобос Пабло Ескобар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот