НОВА ОПАСНОСТ ЗА КАЛИФОРНИЈА: Силни ветрови се закануваат да ги прошират пожарите

Фото: EPA-EFE/PETER DASILVA

Пожарникарите во јужна Калифорнија се подготвуваат за уште еден бран силен ветер од пустината Санта Ана, откако вчера, кога дувал послаб ветар, на некои делови успеале да се справат со пожарот поради кој се евакуирани илјадници жители на Лос Анџелес во близина на музејот „Гети центар”.

Градските истражители за пожар соопштија дека пожарот во Гети најверојатно бил предизвикан од скршена гранка на дрво, која ветерот ја донел до далекуводи.

Електричната енергија се уште е исклучена поради претпазливост во околу половина милион домови и продавници во централна и северна Калифорнија.

Националната служба за временска прогноза и невреме соопшти дека има критична или екстремна опасност од пожар за повеќе од 88.000 квадратни километри и за 21 милиони луѓе во Калифорнија.

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом во понеделникот прогласи вонредна состојба во оваа американска држава, затоа што пожарите и екстремните временски услови принудија речиси 200.000 луѓе да ги напуштат своите домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот