Нова Nokia зa 99 долари: Ова се нејзините предности (ВИДЕО)

HMD Global го претстави новиот смартфон Nokiа 2.2 со голем 5,7-инчен екран и Helio A22 процесор.

Компанијата HDM Global го претстави новиот паметен телефон со брендот Nokia за програмот Android One, Nokiа 2.2 кој ќе се продава по цена од 99 долари во Индија, каде иницијално ќе се најде во продажба, додека во другите делови од светот ќе чини 112 долари.

Телефонот пристигнува со 5,7-инчен HD+ IPS eкран, а го користи процесорот Mediate Helio A22 со четири јадра. Смартфонот ќе има 2 или 3 GB RAM, додека интерната меморија ќе изнесува 16 или 32 GB (со можност да се прошири со CD картичка), a батеријата има капацитет од 3.000 mAh.

HMD Global особено ги истакнува AI функциите на овој телефон кои овозможуваат фотографирање со средина со послаба светлост, физички контакт за активирање на асистантот на Google и отклучување со помош на препознавање на лицетот.

Што се однесува до камерата, на предната страна се наоѓа камера од 5 MP, додека на задната се наоѓа камера со 13 MP со LED блиц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот