НОВА ИНИЦИЈАТИВА: Во понеделник пратениците да се тестираат за дрога

Собрание / фото: Влада на РСМ

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе поднесе иницијатива до Собранието, сите пратеници доброволно да направат тест за користење на наркотици.

Тие го повикаа Собранието в понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може да ги спорведе тестовите. Целта, како што наведуваат, да се даде добар пример во борбата против користењето на наркотици и притоа ги поттикнуваат сите вршители на јавни функции да го направат истото.

Од кабинетот на Талат Џафери велат дека ќе постапат согласно Уставот и Деловникот.

„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Сoбранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност“, се вели во одговор од Џафери.

Вчера ДУИ најави иницијатива таканаречена ветинг  со која се бара секој пратеник и функционер да се тестира за користење наркотици. , велат ќе почнат од нивните редови но очекуваат поддршка од сите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот