НОВА ДРАМА ВО СЕМЕЈСТВОТО КАСИЉАС: На сопругата на Икер и е дијагностициран тумор!

Фото: EPA

Икер Касиљас, легендарниот голман на Порто и шпанскиот фудбал, се уште заздравува од срцевиот удар кој неодамна го доживеа, а сега се соочува со нова животна драма.

На неговата сопруга Сара Карбонеро и бил дијагностициран малиген тумор.

„Се уште не се опоравивме од стравот, а животот повторно не изненади. Овој пат ми зададе удар на мене. Пред неколку дена на преглед докторот ми дијагностицираше тумор на јајниците. Веќе имав и операција и се помина во најдобар ред. За среќа, беше откриен во рана фаза, но уште неколку месеци ќе одам на терапија. Смирена сум и самоуверена дека се ќе биде во најдобар ред. Знам дека патот ќе биде тежок, но со среќен крај. Имам поддршка од семејството и пријателите и одличен медицински тим“, напиша Сара Карбонеро на Инстаграм.

[ReviewDisclaimer]

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот