Нов скандал со свештеници во САД: Преку 2.000 деца биле жртви на педофилите во Илиноис

Католички свештеници / илустрација / Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Во Илиноис, во изминатите 70 години, 451 католички свештеник сексуално злоставувале речиси 2.000 деца, покажуваат резултатите од истрагата на државниот јавен обвинител на таа американска сојузна држава. Тој број е четири пати поголем од бројот што црквата го објави во 2018 година, пред почетокот на истрагата, пишува Асошиејтед прес.

Јавниот обвинител Кваме Раул на прес-конференција изјави дека истражителите откриле дека католичкото свештенство злоставувало 1.997 деца во Илиноис во периодот меѓу 1950 и 2019 година, иако тој призна дека многу случаи се застарени и дека овие насилници „никогаш нема да излезат пред лицето на правдата“.

Се надевам дека овој извештај ќе ги разоткрие оние кои ја искористија својата позиција и довербата што им беше дадена, за да ги злоупотребуваат невините деца, како и луѓето од црковното раководство кои ја прикриваа таа злоупотреба, рече Раул.

Овие сторители можеби никогаш нема да бидат изведени пред лицето на правдата, но со нивното именување сакаме да обезбедиме јавна одговорност и да им помогнеме на жртвите кои долго време страдаат во тишина, истакна јавниот обвинител.

Долгиот извештај тврди дека црковните водачи во Илиноис биле исклучително бавни да одговорат на наводите за злоставување и не успеале да ги предупредат свештениците за можни злоставувачи меѓу нив. За тоа понекогаш им требале дури и децении откако се појавија обвинувањата.

Ревизијата започна во 2018 година за време на претходничката на Раул, Лиза Мадиган. Раул денеска изјави дека 25 членови на неговиот персонал прегледале повеќе од 100.000 страници епархиски документи.

Јавниот обвинител ги обвини католичките лидери дека донесувале одлуки и политики кои „им дозволиле на познатите сексуални злоставувачи на деца да се скријат, често на очиглед“.

Секој четврти жител на државата Илиноиа е католик – околу 3,5 милиони луѓе. Црквата има 949 парохии си 2.215 свештеници и 1.372 ѓакони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот