Нов штрајк на железницата и на аеродромите во Германија

Штрајк на транспортот во Германија / Фото ЕPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во Германија денеска во штрајк стапуваат машиновозачите, работниците на обезбедување на аеродромите и аеродромскиот персонал на авиокомпанијата Луфтханза.

Машиновозачите стапија во штрајк во два часот по полноќ и прекинот на работа ќе трае 35 часа, поради што германскиот железнички оператор „Дојче бан“ значително ќе ги ограничи своите услуги. Синдикатот на машиновозачите бара намалување на работното време од 38 на 35 часа неделно, а „Дојче бан“ го обвинува Синдикатот дека одбива компромисно решение.

Аеродромите во Франкфурт, најфреквентниот воздушен центар во Германија и Хамбург ги откажаа појдовните летови поради штрајк на работниците за безбедност на аеродромот. Покрај тоа, персоналот на Луфтханза денеска и утре ќе штрајкува за повисоки плати.

Синдикатот Верди, кој претставува околу 25.000 копнени вработени во Луфтханза, бара зголемување на платите за 12,5 отсто или најмалку 500 евра месечно, како и бонус во износ од 3.000 евра поради високата инфлација во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот