Нов проблем: Германија го суспендира издавањето на дозволи за Северен тек 2

Руски гасовод
Фото EPA/ROBERT GHEMENT

Германската федерална мрежна агенција привремено го суспендираше издавањето дозвола за гасоводот Северен тек 2, кој го поврзува германскиот балтички брег со Русија. Гасоводот не смее да започне со работа без сертификат на агенцијата, јавуваат германските медиуми.

По деталниот преглед на документацијата, Федералната агенција заклучи дека сертификацијата на оператор може да се разгледа само ако тој оператор е основан според германскиот закон. Седиштето на Nord Stream 2 AG е во Швајцарија и сака да основа филијала во Германија само за германскиот дел од гасоводот, пренесува Москва Тајмс.

Процесот на сертификација ќе остане суспендиран додека швајцарската компанија не го заврши трансферот на средствата во германската филијала и додека Федералната агенција за мрежни активности не може да ги прегледа новодоставените документи за филијалата. Гасоводот со две цевки долг 1.200 километри е завршен и треба да носи руски гас до Германија и други земји.

САД и Германија се спогодија за Северен тек 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот