epa08183497 Los Angeles Lakers forward-center Anthony Davis warms-up prior to the match between the Portland Trail Blazers and the Los Angeles Lakers at the Staples Center in Los Angeles, California, USA, 31 January 2020. Retired Los Angeles Lakers player Kobe Bryant died in a helicopter crash on 26 January 2020. Thousands of Kobe Bryant jerseys were displayed on the spectators seats as a gift. EPA-EFE/ETIENNE LAURENT SHUTTERSTOCK OUT

Нов можен трејд за Ентони Дејвис? Далас подготвен да слуша понуди

Високиот центар на Далас Маверикс, Ентони Дејвис, би можел повторно да ја промени средината, иако големиот трејд со Лејкерс минатото лето беше замислен како долгорочен проект.

Имено, уште од доаѓањето во Тексас, дел од навивачите и аналитичарите се сомневаа во прилагодувањето на Дејвис во тимот на Маверикс, а сега изгледа дека и самиот кошаркар не е целосно задоволен од ситуацијата. Според најновите информации, Далас би можел да го понуди Дејвис на пазарот.

Никси – најзаинтересирани за трансферот

Њујорк Никс се во потрага по големо засилување со кое би влегле во борба за шампионската титула. Иако приоритет им е плејмејкер, нивниот интерес за Ентони Дејвис не е никаква тајна.

„Ако Далас го нуди Дејвис под пазарната вредност, уверен сум дека Никси барем ќе го разгледаат тој потег. Но тоа е само логично – Мавси ќе добијат телефонски повици од речиси сите НБА екипи доколку решат да го стават Дејвис на располагање“, изјави НБА-инсајдерот Јан Бегли.

Чикаго – реална опција?

Како потенцијална дестинација се споменува и Чикаго Булс, а според американските медиуми, Далас ќе ги разгледа сите понуди кои ќе ги смета за доволно сериозни.

Проблеми со повреди и ограничено учество

Дејвис и оваа сезона се мачи со повреди, па настапи на само пет натпревари. На нив бележеше солидни 20.8 поени и 10.2 скока, но Маверикс очекуваа многу поинаков импакт од поранешниот шампион со Лејкерс.

Се чини дека следните недели би можеле да бидат клучни за иднината на Ентони Дејвис – дали ќе остане во Далас или пак повторно ќе ја смени франшизата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот