Нов хуман гест на Стерлинг
Ѕвездата на Манчестер сити, Рахим Стерлинг повторно ја воодушеви англиската јавност со својот хуман гест. Стерлинг одлучи да го плати погребот на 13-годишниот Демери Доукинс кој беше дел од младинската академија на Кристал Палас.
Младиот Доукинс боледуваше од леукемија, а Стерлинг неколку пати имаше средби со него како би ја подигнал свеста кај англиската јавност за да се најде донор на костена срцевина. За жал, акцијата не успеа на време за да се спаси животот на младото момче.
– Демери беше специјално младо момче кое допре до многу животи, вклучувајќи го и мојот. Беше позитивно момче до самиот крај, но и неверојатен борец – изјави Стерлинг за Би Би Си.
Погребот ќе се одржи во петок, а трошоците ќе бидат подмирени од страна на Стерлинг.
Фудбалерот на Манчестер сити и пред 20-тина дена направи потег со кој покажа дека има големо срце. Тој купи 500 карти за полуфиналниот натпревар од ФА купот со Брајтон и ги подели на ученици од средно училиште кое го посетуваше и самиот Стерлинг.