Стерлинг не го заборава детството, ги носи децата од поранешното училиште на „Вембли“

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Фудбалерот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг, направи гест со кој ја воодушеви англиската јавност. Тој купи 550 влезници за натпреварот од полуфиналето на ФА купот помеѓу Манчестер сити и Брајтон и им ги подари на учениците од неговото поранешно училиште во Лондон.

Учениците од „Арк Елвин“ денеска ќе се запознаат со Стерлинг во тренинг-центарот.

Англискиот репрезентативец израсна во близина на „Вембли“ откако како петгодишно момче со родителите се пресели од Јамајка.
Освен влезниците, тој ќе го плати и превозот на учениците до стадионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот