Фото: Sønderjyske Fodbold

Нов гол на Сефер Емини во Данска, Сондерјиске пред промоција во елитата

Maкедонскиот фудбалер Сефер Емини е еден од најважните во редовите на данскиот вторлигаш Сондерјиске, а тоа го докажа и во денешниот дуел од 24. коло против Хобро.

Eмини беше еден од најдобрите на теренот. Домаќините до водство дојдоа со голот на Гретарсон во 45. минута, додека Емини го постигна вториот гол за водство од 2:0, резултат кој се покаѓа и како конечен.

Тимот на Сондерјиске во овој момент е на втората позиција на табелата со 14 бода повеќе од третопласираната Фредеричија, па така чудо треба да се случи за наредната сезона да не играат во најсилната конкуренција во Данска.

Настап на денешниот натпревар забележа и вториот Македонец во редовите на данскиот тим, Иван Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот