Нов доказ зошто во Шпанија ги нарекуваат Реал ВАРдрид

epa08222916 Real Madrid's players remostrate with Spanish referee Alberola Rojas on a decision during the Spanish LaLiga match between Real Madrid and Celta de Vigo at Santiago Bernabeu stadium in Madrid, Spain, 16 February 2020. EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Реал Мадрид вчера ја совлада Гранада со 2:0 и се израмни со Атлетико Мадрид на лидерската позиција на табелата во Ла Лига, но повторно судиите беа во центарот на вниманието.

На претходниот натпревар против Еибар, судиите одлучија да не досудат пенал против Реал Мадрид иако видливо е дека Серхио Рамос играше со рака во сопствениот шеснаесетник, додека на вчерашниот натпревар судиите остана нема во два наврати кога требаше да се суди против „кралевите“.


Во двата случаи главен актер беше Каземиро, еднаш поради играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а вториот пат бидејќи од зад грб го влечеше противникот, но судиите останаа неми.

Денеска на социјалните мрежи се појави фотографија на коха се гледа како претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез во тунелот пред излегување на терен, се поздравува со судиите. Оваа пракса е редовна на сите натпревари низ светот, претставници на домашниот тим да се поздрават со судиите, но кога станувува збор за Реал Мадрид и Перез тогаш работите поинаку се гледаат.


Медиумите и навивачите во Шпанија речиси цела 2020 година сметаат дека судиите „навиваат“ за Реал Мадрид и му помагаат во речиси сите спорни ситуации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот