Нов доказ дека Елмас си оди од Фенербахче (ФОТО)

twitter.com/SpursTransfer10

Елиф Елмас со своите добри игри во Фенербахче се промовираше уште еднаш како еден од нашите најталентирани фудбалери.

Тоа го забележа и италијанскиот вицешампион предводен од Карло Анчелоти, Наполи, кој наскоро го очекуваат Елмас во своите редови.

Претходно „Дијамантот“ се поврзуваше со трансфер во Борусија Дортмунд, Интер, Атлетико Мадрид, Фиорентина…

Претседателот на „наполитанците“, Аурелио Де Лаурентис, го потврди доаѓањето на нашиот играч на „Сан Паоло“.

Денеска имаме уште еден доказ дека Елмас си оди од Фенербахче, односно не се најде во составот за денешниот пријателски натпревар против Бурсаспор.

Да додадеме уште дека на овој контролен меч во стартните 11 за Бурсаспор се наоѓа нашиот играч Јани Атанасов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот