Норвешка подобра од Словенија во натпреварот за бронзениот медал

twitter/Håndballforbundet

Ракометарите на Норвешка со 28:20 ја победиja Словенија во натпреварот за третото место на Европското првенство.

Еден од главните фаворити за титулата на Европското првенство, Норвешка, на крајот мораше да се задоволи со третото место и бронзениот медал. По неверојатното полуфинале во кое загубија по продолженијата од Хрватска,

Норвежаните имаа доволно мотиви да дојдат до победата и да го освојат првиот медал на Европските првенства.

Неизвеноста во наптреварот беше присутна само во првото полувреме во кое повторно доминираа Норвежаните, и на паузата заминаа со три гола предност (12:9).

Победникот беше решен во воведните минути од второто полувреме кога избраниците на селекторот Берге дадоа пет гола во серија со која дојдоа до недостижна предност од 17:9. До крајот на средбата, Норвежаните рутински ја одржуваа предноста.

Најдобар стрелец беше Јондал со седум постигнати гола, Бјорнсен даде пет, а новиот најдобар стрелец во историјата на ЕП, Сандер Сагосен натпреварот го заврши со четири гола. Кај Словенија најпрецизни беа Бомбач со пет и Мачковшек со четири гола.

Претходно во натпреварот за петтото место, Германија со 29:27 го совлада најпријатното изненадување, Португалија.
Големото финале помеѓу Хрватска и Шпанија ќе се игра утре (16.30 ч.), а честа да го судат овој натпревар ја добија нашите Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот