Нивните мошти сите ги зачудија: Денеска се слават светите маченици Мина, Ермоген и Евграф

Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата живееја во Цариград, во голема чест кај царот и кај народот. Мина беше познат по неговата голема ученост и краснозборливост и однадвор се држеше како незнабожец, но во срцето беше христијанин.

Ермоген беше цариградски епарх и се држеше за незнабоштвото и однадвор и однатре, иако беше милосрден и вршеше многубројни добри дела. Кога
пламна некоја расправија меѓу христијаните и незнабожците во Александрија, царот Максимин го испрати Мина да го стивне метежот и да ги истреби христијаните од тој град.

Мина отиде и воспостави мир, но се објави себеси како христијанин и мнозина незнабожци ги обрати во вистинската вера со силен збор и многубројни чуда. Кога слушна за ова царот го испрати Ермоген за да го казни Мина и да го задуши христијанството. Ермоген го изведе Мина на суд, му ги отсече стапалата и јазикот, му ги избоде очите, па го фрли во затвор.

Во затворот на Мина му се јави Самиот Господ Исус, го исцели и го утеши Својот страдалец. Кога го виде Мина чудесно исцелен, Ермоген се крсти и почна на големо да ја проповеда Христовата вера. Го поставија и за епископ на Александрија. Тогаш разјарениот Максимин самиот отиде во Александрија и ги подложи Мина и Ермоген на големи маки, коишто тие, помагани од Божествената
благодат, храбро ги издржаа. Гледајќи ја храброста на овие Христови војници и Божјите чуда што се извршија над нив, пред судилиштето се јави и Евграф, секретар и пријател на Св. Мина, возвикнувајќи му на царот: „И јас сум христијанин!“

Царот збесна, го исука мечот и го уби Св. Евграф. По ова овој нечестив цар нареди да ги убијат со меч и Светите Мина и Ермоген. Нивните свети мошти ги фрлија во морето, но тие на чудесен начин допловија во Цариград, каде што епископот, на кого му се јавија во сон, свечено ги дочека и
ги погреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот