Ниту еден од пратениците на Алтернатива нема да стане министер?

Африм ГАши

Централното претседателство на Алтернатива вечерва бира кандидат за прв човек во здравството, министри, заменици и директори на позициите кои лидерот Африм Гаши ги договори со Зоран Заев.

Вечерва ќе се знае дали стоматологот Беким Сали ќе го замени Венко Филипче или за министер ќе биде избран друг кадар на партијата.

Повикувајќи се на извори во партијата, Телма објави дека ниту еден од актуелните пратеници на Алтернатива, вклучително и лидерот на партијата, Африм Гаши, нема да биде дел од новиот состав на владата.

Алтернатива одлучува кој ќе седне во министерските фотелји во здравство и информатичко општество, но и кој ќе биде министер без ресор задолжен за дијаспората. Партијата ќе бира 47 идни фукционери во реконструираната Влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот