Николовски: Побарав брзи и темелни информации за случајот со спорниот мазут, рокот за достава е 14 дена

Љупчо Николовски/ фото Архива на Слободен Печат

Нема компромиси и отстапки кога станува збор за здравјето на граѓаните! Загрижено и внимателно пристапивме кон изнесените информации на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ (Investigative Reporting Lab Macedonia) за постоење сомневања за увоз на токсични нафтени деривати опасни по здравјето на животната средина, објави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски.

Според него, на денешната владина седница на предлог на неговиот Кабинет, побарале брзи, темелни и детални проверки на сите информации за случајот.

„Владата наложи институциите да ги направат контролите веднаш, а рокот за достава на информациите е 14 дена. Редовно ќе ја информираме јавноста за сите нови информации поврзани со увозот на нафтени деривати, за кои беа изнесени сомневања“, истакна Николовски.<

Истражувачката репортерска лабораторија и Македонската радио телевизија во документарецот „Заговор против воздухот“ го отвора прашањето за загадениот воздух во Македонија, како и мазутот кој се увезувал кај нас.

Најголем „клиент“ на компанија од Кичево, која го увезувала спорното масло од Чешка преку Босна и Херцеговина, е поранешната фабрика ФЕНИ, а сега „Еуроникел“ од Кавадарци. Друга позната домашна компанија која го користела горивото е „Брако“ на бизнисменот и поранешен функционер Кочо Анѓушев. Според ИРЛ, двете компании почнале да го користат „босанскиот“ мазут по средба во Владата меѓу Кочо Анѓушев, како тогашен вицепремиер, и претставници на босанската и домашната фирма вклучени во набавката.

Токсичен отпад увезуван како мазут за Фени, Брако и во родилишта, на потег надлежните институции

„Еуроникел Индустри”:Квалитетот на репроматеријалите, вклучително и мазутот е важен за нашиот технолошки процес и вршиме интерни контроли на неговиот квалитет

„Брако”: Ниту Кочо Анѓушев ниту „Брако” Велес се поврзани со увоз на токсични масла или мазут, ќе поднесеме тужба против Сашка Цветковска и ИРЛ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот