Николовски: Од заробена држава стигнавме до најтранспарентна Влада и членка на НАТО

„Заедно сме со граѓаните и за граѓаните. Даваме отчет за сработеното, за илјадниците сработени проекти. Го слушаме гласот на граѓаните, што е тоа што треба да го вградиме во новите политики и во новите победнички програми за локалните избори“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ којашто денеска се одржа во Прилеп.

Тој додаде дека го засилуваат присуството на терен и продолжуваат со уште поинтензивно темпо.

„Наместо заробени институции денеска имаме институции и Влада којашто е најтранспарентна во регионот, прогласена за најотворена и транспарентна. Расипничкото однесување на функционерите од режимот се минато. Сите информации се отворени и за граѓаните и за медиумите. Невладините организации не се поклопени туку се партнер на извршната власт во креирање на мерки и политики за граѓаните,“ додаде Николовски.

И клучно имавме заробена држава до 2016 година а денеска имаме држава којашто е членка на НАТО, рече генералниот секретар на СДСМ.

„Токму денеска, кога ние во Прилеп ја одржуваме оваа граѓанска трибина, претседателот на Владата седи на иста маса со останатите претседатели на држави и влади како рамноправен партнер, како членка во најмоќниот воено – политички сојуз НАТО. Тоа денеска е реалност. Тоа е гарант за сигурната иднина на сите граѓани и за идните генерации. Македонскиот идентитет и јазик го заштитивме и понатаму го штитиме. Тоа е нашата опција, и тоа се промените, тоа е СДСМ. Донесовме слобода, демократија, членство во НАТО и пред почеток на преговори со ЕУ, со заштитен македонски идентитет.“ рече Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот