Николовски: Не гледам јасен бенефит од графата за етничка припадност

Љубиша Николовски
Љубиша Николовски. / Фото: Слободен печат

Во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон…“ на ТВ Алсат, новинарот Љубиша Николовски изјави дека не гледа јасен бенефит од внесувањето на графа за етничка определба во личните карти и смета дека таквото одбележување на граѓаните не би довело до нивен бенефит, туку до можност за етикетирање.

– Во земјата се водат статистики. Секоја година ако водиме статистики за добри и за лоши дела, тогаш ќе биде – колку Македонци има во затвори, колку Албанци има во затвори, колку Босанци, па ќе излезе тезата дека една етничка заедница е криминогена. Ние ќе имаме податоци, меѓутоа не води кон добро на граѓаните коишто живеат тука за создавање на мултиетничко општество, вели Николовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот