Николовски: Милијарда и 350 милиони евра за субвенции и модернизација на земјоделството, повеќе извоз отколку увоз на храна

СДСМ ја промновира предизборната програма / фото: СДСМ

Даваме збор за историски највисока финансиска поддршка во земјоделството. Во следните 4 години вложуваме една милијарда и 350 милиони евра за субвенции и за инвестиции во модернизација. 750 милиони евра субвенции и 600 милиони евра капитални инвестиции и проекти за рурален развој, до крајот на новиот мандат – рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и коносител во ИЕ3, Љупчо Николовски на промоцијата на програмата на СДСМ, „Програма за европска иднина“.

Тој додаде дека од 2025 година ќе се обезбеди систем за целосно електронско аплицирање, а по примерот на зелената нафта, која што за сите земјоделци се обезбедува целосно, се воведуваат и земјоделски картички, на кои дел од субвенциите земјоделците ќе ги добиваат наменски, за набавка на репроматеријали.

– Имаме конкретен план за да обезбедиме рекорно домашно производство на македонска храна, во вредност од 1,5 милијарда евра, со извоз на домашни земјоделски производи, кој ќе достигне 1,25 милијарда евра. До 2028 година повеќе извоз од увоз на храна – рече Николовски.

Тој додаде дека во наредните четири години ќе се вложат и нови 100 милиони евра во руралниот развој.

– 2024 година е година во која фокусот го насочивме кон поддршка на сточарството. Така продолжуваме и во следните четири години. До 2028 година, двојно го зголемуваме буџет во сточарско производство, од досегашните 35 на 70 милиони евра годишен буџет – рече Николовски.

Тој најави дека субвенцијата по грло кај кравите до крајот на 2028 година ќе достигне 20 илјади денари – раст од 2.800 колку што беше во 2017 година, 12 илјади колку што е во 2024 година, 15 илјади во 2026 година, до 20 илјади денари во 2028 година.

– Субвенциите за овци од 2.000 денари ги зголемуваме на 3.000 денари во 2026 година. 150 отсто зголемени субвенции кај предадено јагне во регистрирани кланични капацитети од 400 денари на 1.000 денари. За 300 отсто зголемени субвенциите во свињарството кај маториците ,од 1.000 денари на 3.000 денари – рече Николовски.

Тој додаде дека од 2025 година се креира и нова програма за поддршка на сточарите, со која ќе им се дава поддршка од 15 илјади евра по корисник за мобилни кланици, мобилни молзилишта и мобилни мандри.

– Во наредните 4 години вложуваме 200 милиони евра за брани и системи за наводнување, со кој обезбедуваме наводнување, до нови над 21.000 хектари земјоделски површни. Веќе е започнато со проектирање за изграба на системите за наводнување, опфаќајќи цел земјоделски регион од Велес до Гевгелија. Ова е најголемиот проект и по површина и по вредност. Опфаќаме наводнување на нови 13.650 хектари земјоделско земјиште, инвестираме 120 милиони евра –  рече Николовски.

Тој додаде и дека веќе се испишува и нова успешна ИПАРД 3 приказна, во која за следните четири години се вложуваат 200 милиони евра во иновации, модернизација и развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот