Никола Старџен ослободена од притвор без обвинение за понатамошна истрага

Фото: EPA-EFE/Andrew Cowan

Поранешната шкотска премиерка Никола Старџен е ослободена од притвор без обвинение за понатамошна истрага, откако претходно денеска беше уапсена како дел од истрагата за финансиски малверзации на Шкотската национална партија (СНП).

Старџен, која поднесе оставка како премиерка и лидер на СНП на почетокот на април, е третото лице кое е уапсено како дел од операцијата Branchform – истрага на полицијата во Шкотска за наводите дека партијата ненаменски потрошила повеќе од 600.000 фунти во донации.

„Знам дека оваа истрага е тешка за луѓето и благодарен сум што толку многу продолжија да покажуваат верба во мене. Го ценам тоа, никогаш не би направила нешто за да и наштетам на СНП или на државата. Очигледно, земајќи го во предвид целиот овој процес, не можам да навлегувам во детали. Меѓутоа, сакам да го кажам ова – јас сум невина, ништо не сум сокрила“ – објави Старџен на Твитер.

Таа додаде дека невиноста не е презумпција и дека е должна да го почитува законот.

„Без никаков сомнеж знам дека сум невина, ништо незаконски не сум направила. Многу луѓе ми испратија пораки со поддршка во изминатите недели, вклучително и денеска. Благодарна сум за нивната добрина. Благодарам на моето најблиско семејство и пријатели кои ми ја даваат потребната поддршка во овој момент. Ќе ми требаат ден или два да ги обработам најновите случувања“ – додаде таа.

Старџен додаде дека планира да се врати во парламентот каде што ќе продолжи да ги претставува своите гласачи од јужен Глазгов „најдобро што може“.

Уапсена е поранешната премиерка на Шкотска Никола Старџен

Нејзиниот сопруг Питер Мурел, поранешен извршен директор на СНП, беше уапсен на 5 април во нивниот дом во Адингстон, во близина на Глазгов, и беше испрашуван 12 часа пред да биде ослободен без обвинение, пишува Гардијан.

Полицијата извршила претрес во нивната куќа , а според налогот извршила претрес и во седиштето на СНП, документи и компјутери.

Колин Бити, член на шкотскиот парламент и партиски благајник, беше приведен и сослушан како дел од истата истрага на 18 април, а исто така беше ослободен подоцна без обвинение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот