Уапсена е поранешната премиерка на Шкотска Никола Старџен

Никола Старџон, шкотска премиерка/ Фото EPA-EFE/ROBERT PERRY

Поранешната премиерка на Шкотска Никола Старџен денеска е уапсена, a осомничена e за истрагата за финансиите на Шкотската национална партија (СНП).

Поранешната премиерка на Шкотска и лидер на СНП во моментов е испрашувана од детективи.

Како што објави Полицијата на Шкотска, уапсена е 52-годишна жена, осомничена во врска со тековната истрага за финансирањето на Шкотската национална партија.

-Работата е активна за целите на Законот за непочитување на судот од 1981 година и затоа на јавноста и се советува да биде претпазлива доколку се дискутира на социјалните мрежи. Бидејќи истрагата е во тек, не можеме да коментираме повеќе, се вели во соопштението од шкотската полиција.

На 5 април, полицајците го претресоа нејзиниот дом и седиштето на партијата во Единбург.

Полицијата го уапси и нејзиниот сопруг Питер Мурел, поранешен извршен директор на СНП, кој беше ослободен без да се покрене обвинение.

По две недели приведен беше и благајникот на СНП, Колин Бити, но и тој беше ослободен без обвинение, појасни Би-би-си.

Мурел и Бити беа третирани како осомничени и беа приведени за законски дефинираниот период до 12 часа на испрашување пред да бидат ослободени во очекување на дополнителни истраги.

Според шкотскиот Закон за кривична правда од 2016 година, полицијата може да го ослободи осомничениот за натамошна истрага, но истиот подоцна може повторно да биде уапсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот