Никола Јокиќ испишува историја: Прв кој ќе ја добие наградатa „Мајкл Џордан“

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ испишува историја, тој ќе стане првиот играч кој некогаш ја добил наградата „Мајкл Џордан“ во НБА лигата. Во прашање е наградата МВП за најдобар играч во сезоната, а се однесува на сезоната 2021/22, која беше 75-годишнина од најсилната кошаркарска лига во светот, поради што е направен посебен трофеј.

Тоа не е единствениот пехар што го смени името, но овој е секако посебен. Изработен е од бронза, а на врвот има кристален камен што ја претставува топката. Тој е висок 59 сантиметри и тежок околу 10 килограми. Според американскиот метрички систем во двете категории се изедначува со бројот 23 кој Мајкл го носеше во кариерата. Кристалната топка на врвот има и 23 дела.

Трофејот го направи Марк Смит, човек кој излезе од пензија токму поради ова, бидејќи работеше во компанијата „Најк“ и беше дизајнер во брендот на Џордан.

– Чест ми е што можам да го направам овој трофеј со Мајкл. Неговата визија, неговата желба, сето она низ кое се бореше во кариерата. Работевме заедно на овој проект и за Џордан беше многу важно фигурата да не е идентична како него, затоа што сакаше добитникот да може да се види себеси преку таа фигура – рече Смит.

Што се однесува до останатите награди, трофејот за најдобар дефанзивец го носи името по Хаким Олајџувон, а за „дебитант“ на годината по Вилт Чембрлен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот