„Никогаш немаше да имам четири деца ако син ми се родеше прв“: Урнебесна изјава на Рајан Рејнолдс
Синот на Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли, Олин, им направил услуга на своите родители – пристигнал последен во семејството, пишува Page Six. Славниот актер се пошегува во шоуто „Доцна навечер со Сет Мејерс“ дека никогаш немало да има четири деца ако неговиот син се родел прв.
Препорачано
Тие го добија Олин во февруари 2023 година, по ќерките Џејмс (10), Инес (9) и Бети (6), и тоа било, како што открива Рејнолдс, „вознемирувачко“ искуство. Рејнолдс објасни дека немало ништо насилно или необично што се случувало во нивниот дом во Њујорк пред пристигнувањето на Олин.

Глумецот објасни дека неговите девојчиња биле толку едноставни во споредба со неговиот син кој сакал сè да уништи.
„Подобро би си направил васектомија со тупаница отколку да имам три сина“, рече Рејнолдс. Кога Сет Мејерс праша дали Џејмс, Инес и Бети го сметаат Олин за „проблем во човечките ресурси за нивното семејство“, Рејнолдс одговори потврдно.
„А јас сум му директна конкуренција на тоа момче“, додаде Рејнолдс со смеа.
Неговата сопруга Блејк Лајвли (38) има сосема поинаква перцепција за нивниот син. Во март, за време на разговор со Мејерс, таа го окарактеризира Олин како романтичен.
-Кога влегувам, тој вели: „Мамо, љубов моја“. Тој едноставно објавува дека јас сум љубовта на неговиот живот во секое време, што е најубавото чувство на светот – рече актерката.
Таа, исто така, ја опиша нивната куќа како хаотична и ја спореди едната од нејзините ќерки, чие име не го кажа, како комбинација од Наполеон Бонапарта и Џенифер Лоренс.
„Таа е најсмешната личност на светот, но дефинитивно ќе владее со светот со авторитативно водство“, рече Лајвли, очигледно мислејќи на Бети.


