Нико Ковач по 11 натпревари без победа со Волфсбург доби отказ

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Бундеслигашот Волфсбург го отпушти хрватскиот стратег, Нико Ковач по поразот од Аугусбург во рамките од 26. коло во првенството.

Аугусбург славеше победа од 1:3, а за тимот на Волфсбург ова беше 11. натпревар без победа, па затоа и отказот за Ковач не е големо изненадување.

Заминувањето на Ковач го потврди директорот на клубот, Марсел Шефер.

„По поразот и направената анализа на ситуацијата донесовме одлука да ја прекинеме на соработката. Жалиме за ваквиот развоја на настаните, меѓутоа веруваме дека потегот ќе биде добар за тимот да го добие потребниот поттик. На Ковач му благодариме и му посакуваме се најдобро во иднина“, изјави Шефер.

Заедно со Ковач од Волфсбург заминува неговиот брат Роберт Ковач и Арон Бригс кои беа дел од стручниот штаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот