Нико Ковач и официјално седна на клупата на Монако

epa07941645 Bayern's head coach Niko Kovac reacts during the UEFA Champions League group B soccer match between Olympiacos F.C. and F.C.Bayern Munich at Karaiskaki stadium in Piraeus, Greece, 22 October 2019. EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Хрватскиот стратег доаѓа на местото на Роберто Морено.

Нико Ковач денеска и официјално е промовиран во нов тренер на францускиот прволигаш Монако. Тој доаѓа во тимот од Монте Карло на местото на Шпанецот Роберто Морено кој доби отказ.

Многу сме среќни што го дочекавме Нико Ковач во клубот. Ова ќе биде нов почеток за Монако, имаме големи амбиции и веруваме дека Нико Ковач ќе биде тој што ќе ни помогне да ги оствариме. Тој е познат по напорната работа и неговото влијание беше големо во хрватската репрезентација и во клубовите во кои играше, а потоа и ги тренираше. Убедени сме дека заедно ќе оствариме врвни резултати. Првиот тренинг новиот тренер ќе го има утре“, стои во соопштението на Монако.


Последен ангажман на Хрватот беше на клупата на Баерн Минхен, но во ноември 2019 година доби отказ. Ковач во баварците триумфира во Бундеслигата, го освои германскиот Куп и Суперкуп, а претходно работеше и во Ајнтрахт Франкфурт со кого триумфира во Купот на Германија, и беше селектор на Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот