НФЛ на нозе: Махомс потпиша десетгодишен договор и стана најплатен играч во историјата

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

МВП играчот на Суперболот, квотербекот на шампионот Канзас сити чифс, Патрик Махомс, се согласи да потпише нов договор и тоа на наверојатни 10 години со што ќе стане најплатен играч во историјата на НФЛ лигата.

Младиот 24-годишен Махомс кој се смета за најдобар квотербек во НФЛ, преземајќи го приматот од Том Брејди, денеска влезе во историјата на овој спорт откако ги договори сите услови за потпишување нов договор.
Според ЕСПН, Махомс се сосгласил да стави параф на дури десетгодишен договор што значи дека во Канзас сити ќе биде до 2031 година.


Овој договор ќе го направи Махомс најплатен играч во историјата на НФЛ, иако не се наведуваат бројките, се шпекулира дека најдобриот квотербек во лигата ќе заработува неверојатни 40 милиони долари по сезона.

Махомс во 2019 година беше избран за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната, а во плејофот дојде до финалето на конференцијата. Затоа минатата сезона тој го предводеше својот тим до крајот, Канзас сити чифс во Суперболот го победи Сан Франциско со 31:20, а младиот квотербек беше избран за МВП на финалниот натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот