Незири не учествувал во упадот во зградата на М-НАВ, вели адвокатот Миланов
Адвокатот Еленко Миланов кој го брани обвинетиот Беким Незири во случајот со упадот во М-НАВ вели дека целиот случај е започнат со дезинформација а тоа е дека настанот се случил во контролната кула на М-НАВ, додека пак вистината е дека упадот се случил во зградата на М-НАВ.
Препорачано
„Целиот овој настан е започнат со една дезинформација којашто постојана се повторува и на таа дезинформација се засноваат и сите други изјави и коментари како на стручната така и на нестручната јавност. Во овој настан нема нешто што се случува во контролната кула, ниту има во контролната или пак во близина на контролата кула ниту пак лице кое во тој момент треба да извршува свои обврски во контролната кула“, изјави адвокатот на Беким Незири, Еленко Миланов.
Миланов вели дека Незири нема намера да бега туку сака да ја докаже својата невиност во целиот овој случај, за кој кажа дека се случил зад неговиот грб.
„Беким се јави во рок од половина на час на поканата на МВР, ги даде сите свои наоди, и денеска се појави пред судот што јасно укажува дека нема намера да бега, туку сака да докаже што стварно се има случено, во коешто тој нема никаков допринос затоашто тој настан се случува зад неговиот грб од други лица ниту пак со лице кое влага со него во зградата на М-НАВ“, вели адвокатот Миланов во изјава за медиумите.
Беким Незири во присуство на двајца адвокати денеска се појави на распит во Кривичниот суд.
Насилникот Беким Незири, кој упадна во контролата на летање е во полициска станица


