Невреме проследено со град во пехчевскиот регион

Пороен дожд/ фото МИА
Невреме проследено со град попладнево го зафати пехчевскиот регион. Градот, како што информираат жители бил најизразен во селата Умлена и Робово и зафатил мала површина на житни посеви и овошните насади.
-Силниот дожд проследен со град започна околу 14 часот и набрзина успеа да зафати дел од насадите со слива. Врнежите од град зафатија дел од житните посеви на кои поради сушата било каква влага му е добредојдена. За овошните насади ќе биде проблем, но допрва треба да видиме дали има и колкави се штетите, велат жители на Робово.
Освен во пехчевско, пообилни врнежи од дожд има и во дел од селата во горниот дел од Пијанечкиот регион.
-Дождот е добредојден за сето она што го има на нивите, без разлика дали се работи за жито, овошки или градинарски култури. Конкретно ние имаме компиров и насад со пченка што ќе помогне тие да бидат со добра влага во пресрет на летото, додаваат жители од делчевското село Стамер.
Агрономите исто така се децидни дека моменталната влага е добредојдена за земјоделците, особено за одгледувачите на компир и пченка, како и за посевите со жито чиј род ќе биде зацврснат пред годинешната жетва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот