Невини лаги: 10 работи кои слободно може да му ги премолчите на партнерот!

Исреноста е темел на секоја добар вреска, но некои работи сепак подобро да ги задржите за себе.

Жените за тоа се во принцип свесни, па вешто од своите партнери ги кријат ситниците кои би ја упропастиле врската.

Ова се десетте тајни кои многу жени ги кријат од своите партнери, а слободно можете и вие.

  1. Најдобрата другарка знае се

Речиси да не постои жена која на својата најдобра другарка не и ги кажува речиси сите детали од врската – од активностите во спалната соба до износот на неговата сметка во банка. Ретко постојат врски во кои ќе биде нешто скриено од најдобрата другарка.

  1. Точниот број на сексуални партнери

Ниедна жена нема да се пофали на своето моме за бројката на партнерите пред него. За разлика од мажите, во принцип ја кажуваат вистината за своите сексуални партнери, па за тоа ако жена ви каже дека спиела со четворица фраери, тоа значи дека се седум. Две најчести причини поради која жената лаже за своите поранешни партнери се: Да не испадне промискуитетни и за тоа што самите сакаат да ги заборават некои од нив.

  1. Влакненцата по тело

Ретко која жена ќе се пофали на својот партнер за влакненцата по нозе или пазувите. Влакната на женското тело и понатаму се табу, а поголем број од фраерите за нив воопшто не знаат.

  1. Хаосот во собата

Жените се хаотични колку и мажите, само тоа малку подобро го сокриваат. Најчесто тоа е под креветот, орманот, па дури и во мејк-ап торбичката.

  1. Споредби со поранешниот

На почетокот на врската е вообичаено новиот партнер да се споредува со поранешниот. Новиот во принцип победува, а ако не, тоа значи дека наскоро ќе стане поранешен.

  1. Валкани мисли

Жените размислуваат за сексот еднакво исто колку и мажот и тоа е една од најдобрите скриени женски тајни.

  1. Мажите се секогаш на тест

Кога жените во врската го анализираат секој чекор, гест, реченица, израз на лицето, па дури и е-мејлот на партнерот, а тоа тестирање никако да престане. Покрај анализата, тестот вклучува и трик-прашања. „Сакаш да имаме тројка“ или „Која ти е најубава колешка на работа“ – прашања на кои мажот треба многу вешто да одговори.

  1. И жените сакаат да гледаат задници

Иако за тоа не се свесни, и мажите кои ја напуштаат просторијата не се барем без еден женски поглед во нивната задница.

  1. Фантазија за неговиот најдобр пријател

Повеќето од жените тоа не го прават намерно, но секоја барем еднаш фантазира за најдобриот пријател на своето момче, дури и ако не може да го поднесе. Тој феномен е необјаслив.

  1. Мажот би требало да биде главен во кревет

И најуспешните жени сакаат во креветот сакаат последниот збор да го има мажот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот