Невеста ги тера гостите да напишат есеј за да ги покани на свадба: Кој нема да напише автоматски е дисквалификуван!

Поради коронавирусот капацитетот на венчавките мора да се намали, а за да одлучи кого ќе покани, идна невеста ги замолила сите гости кои го потврдиле своето присуство да напипшат два есеи.

Свадбата е одложена за февруари 2021 година поради пандемијата и младенката била принудена да го скрати пописот на гостите.

Идната невеста ја шокирала дури и својата сестра со барањето во кое од сите гости, како и од неа бара да и предадат два есеја од 250 збора во кои ќе одговорат на две прашања: Зошто сè уште сакате да го прославите овој ден со нас? и „Што за вас значи присуствувањето на нашата венчавка?“.

Додала дека оние кои воопшто нема да го напишат есејот ќе бидат „автоматски дисквалификувани“.

Сестрата на невестата се навредила и и рекла дека нема да пишува есеј за тоа зошто треба да присуствува на нејзината венчавка, на што невестата и одговорила дека работите треба да бидат праведни и дека мора да и го достави напишаниот есеј, во спротивно нема да биде на нејзината венчавка.

 

Откако ова необично барање беше објавено на Редит корисниците понудија интересни одговори.

– Дефинитивно би пратила два есеи. Во првиот би напишала: „Мама/тато рекоа дека морам да одам или ќе имам големи проблеми“, и цело време ќе ја повторувам истата реченица додека не стигнам до 250 збора. А вториот есеј само: „Јас сум ти сестра“.

– Сакам да дојдам на вашата венчавка, многу, многу, многу, многу, многу….

– Се надевам дека сите 500 луѓе ќе напишат есеј за таа да седне и да се обиде да прочита 250.000 збора, може тогаш ќе сфати колку е смешна.

 

 

AITA for refusing to RSVP to my sister’s wedding because I’m required to write an “application essay” just to attend? from AmItheAsshole

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот