Неверојатно: Европскиот шампион нема 100 милиони евра за засилувања

EPA-EFE/PETER

Весникот „Дејли меил“ екслузивно пренесува дека Ливерпул ова лето нема да има големи инвестиции во поглед на трансферите поради кризата предизвикана со пандемијата на коронавирусот.

Според весникот, Ливерпул како и останатите големи екипи Ливерпул ќе загуби околу 100 милиони евра доколку и во наредната 2020/21 сезона натпреварите се играат пред празни трибини.

Исто така сè уште актуелниот европски шампион многу губи и во оваа сезоната, со играњето пред празни трибини во оваа сезона Ливерпул губи по четири милиони евра по натпревар.

„Дејли меил“ објаснува дека ова не значи оти Ливерпул се наоѓа во криза туку едноставно челниците на екипата сакаат постојано да бидат во „плус“, а за тоа да се случи оваа година, во летниот преоден рок не треба да се купуваат нови фудбалери.

Ливерпул дури се наоѓа во подобра позиција од големи конкуренти, Манчестер сити и Манчестер јунајтед кој пак на лето мора да инвестира во нови играчи, а ќе има намален буџет.

Челниците на екипата сметаат дека Јирген Клоп има доволно силна екипа да се бори за трофеите во сите натпреварувања и без големи инвестиции, дека тимот е добро покриен на сите позиции и би се купувале екстра засилувања само доколку некоја од ѕвездите си замине.

Ова значи дека Клоп најверојатно ќе остане без посакуваните засилувања наредното лето. На списокот на желби се наоѓаат напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, за кого се шпекулираше дека веќе има преддоговор со Ливерпул и висината на трансферот би изнесувала 60 милиони евра.

Доколку челниците на екипата останат на својот став да не се трошат пари во преодниот рок, тогаш Клоп ќе остане и без Хусем Ауар од Олимпик Лион чиј трансфер би чинел околу 40-45 милиони евра, како и двоецот на Лил, Виктор Осимех и Бубакар Сумара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот