Неуспешен обид за изградба на водовод за Синичане, полиција на местото за градба

Трет пат по ред Општина Боговиње се обидува да започне со работа на изградба на водоснабдителен систем во атарот на селото Урвич. На местото на изворот има полициски единици, за кои од СВР Тетово соопштија дека се таму за да не се дозволи конфликт помеѓу жителите на Урвич и Синичане. Мештаните од Урвич не дозволуваат да се преземе овој извор со вода од страна на жителите на Синичане и општина Боговиње.

Градоначалникот на општина Боговиње Албон Џемаили смета дека тоа што не му се дозволува да гради е политичка игра.

-Загрижен сум за моите граѓани и разбирам што прави политиката, но јас сум должен со закон да обезбедам вода за моите граѓани. Полицијата е многу децидна, не може да продолжи работата, истакна Џемаили.

Министерството за внатрешни работи во соопштение информираше дека околу изградба на водовод  за селото  Синичане- општина Боговиње, Секторот за внатрешни работи Тетово,  денеска изготви  известување во врска со постапката, правните обврски и друго и истото е поднесено до Основното јавно обвинителство во Тетово, при што понатамошната  постапка  во врска со истото, ќе се води води по насоките од Основното Јавно обвинителство- Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот