Нетанјаху пуштен од болница

Бенјамин Нетанјаху/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е пуштен од болница по итната операција за поставување пејсмејкер. Нетанјаху беше примен во медицинскиот центар Шеба во саботата навечер.

Неговата хоспитализација дојде пред клучното гласање што се очекува денес во парламентот за спорните планови за реконструкција на судството во Израел.

Протестите против реформите го зафатија Израел, при што многу работници ветија дека ќе штрајкуваат доколку тоа продолжи.

Во видеото во неделата по операцијата, Нетанјаху рече дека е во „одлична здравствена состојба“ и дека планира да биде во парламентот на гласањето.

Гласањето ќе значи пресметка меѓу тврдокорната верско-националистичка коалиција и делови од израелското општество. Парламентот во неделата започна расправа за многу оспоруваниот предлог-закон за ограничување на овластувањата на Врховниот суд.

Премиерот на Израел итно префрлен во болница поради поставување пејсмејкер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот