Премиерот на Израел итно префрлен во болница поради поставување пејсмејкер

Бенјамин Нетанјаху / Фото: EPA-EFE/MIRIAM ALSTER / POOL

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рано утринава итно бил префрлен во болница поради поставување пејсмејкер. Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека премиерот ќе биде ставен под анестезија за време на операцијата и дека министерот за правда Јарив Левин ќе ја преземе премиерската функција додека тој е подложен на процедурата.

Во кратката видео изјава, Нетанјаху рече дека „се чувствува одлично“ и планира да продолжи со својот план за судски реформи веднаш штом ќе биде пуштен од болница.

Премиерот на Израел пред една недела беше хоспитализиран поради дехидрација.

Од болницата соопштија дека на Нетанјаху му е поставен холтер за следење на неговото срце, иако при прегледот не биле откриени никакви абнормалности.

Во однос на планот на Нетанјаху за судските реформи, од најавата во јануари па досега во Израел се одржуваат масовни протести. Стотици илјади луѓе и вчера излегоа низ улиците на Израел, додека илјадници влегоа во Ерусалим и кампуваат во близина на Кнесетот пред гласањето што се очекува да се одржи в понеделник, со кое се очекува да се одобри клучниот дел од судската реформа што ги ограничува овластувањата на Врховниот суд да ги поништи владините и парламентарните одлуки што ги смета за неразумни и штетни.

Нетанјаху тврди дека реформата е потребна за да се ограничат прекумерните овластувања на неизбраните судии, а критичарите велат дека тоа ќе го отвори патот за авторитарно владеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот