Нетанјаху и Бајден / Фото EPA-EFE/GPO/Avi Ohion

Нетанјаху патува неделава во САД за средба со Бајден

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторник ќе се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден, соопштија од кабинетот на израелскиот лидер на 21 јули. Според информациите Нетанјаху се очекува да отпатува за САД утре, понеделник.

Двајцата лидери последен пат се сретнаа во Тел Авив на 18 октомври, непосредно по нападот на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, јави РСЕ.

При нападот, милитантите на Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од САД и ЕУ, убија повеќе од 1.200 Израелци и земаа околу 240 заложници. Се претпоставува дека околу 116 заложници сè уште се држат во Газа, вклучувајќи и 42-ца за кои израелската војска верува дека се убиени.

По нападот на 7 октомври, Израел започна офанзива во Газа за да го уништи Хамас.

Како резултат на израелските копнени и воздушни офанзиви во регионот, според палестинските здравствени власти, загинале повеќе од 38.000 Палестинци.

Според извештаите на медиумите за најавената средба на Нетанјаху и Бајден, се очекува разговорите да бидат фокусирани на обидите да се обезбеди прекин на огнот во Газа и на можностите за ослободување на заложниците во замена за палестинските затвореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот