Нетанјаху: Никој не ни диктира како да војуваме, нашите операции се наша работа
Сите операции на израелските сили се планирани и се спроведуваат согласно процени и анализи на ситуацијата, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху, отфрлајќи ги како „лажни“ извештаите дека САД го притиснале да не ги проширува активностите во појасот Газа и во Либан.
Препорачано
– Видов лажни извештаи во кои се тврди дека САД нѐ спречиле и нѐ спречуваат да спроведуваме операции во регионот. Тоа не е вистина. Израел е суверена држава. Нашите одлуки за војната се врз основа на нашите оперативни процени и нема да ви објаснувам за тоа – изјави Нетанхјаху.
премиерот реагираше на извештај од весникот „Волстрит џрнал“ дека американскиот претеседател Џо Бајден го убедувал Нетанјаху да не ги напаѓа позициите на проиранското движење Хезболах во Либан, поради стравувањата дека и тоа може да спроведе ненадеен напад врз северен Израел, како оној на Хамас во јужен Израел на 7 октомври.
– Надворешни притисоци не ги диктираат нашите акции. За одлуката како ќе ги користиме нашите сили решаваат само Израелските одбранбени сили и никој друг – изјавил Нетанјаху по денешната седница на владата.


